ПРВ.мк
Скопје

Николовски откри како конечно ќе се реши хаосот со сообраќајот во Скопје – ова се трите клучни проекти!

Николовски откри како конечно ќе се реши хаосот со сообраќајот во Скопје – ова се трите клучни проекти!
Kristal

авниот транспорт во Скопје може да се реши единствено преку комбинирање на неколку големи инфраструктурни проекти – градски воз, набавка на нови еколошки автобуси и воведување на БРТ систем, смета вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

„За да го решиме транспортот, мора трите решенија да се развиваат паралелно. Првото е обновување на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси, што веќе е во подготовка. Второто е подобрување на врската меѓу приградските населби и центарот со градски воз, а третото е воведување поефикасен урбан транспорт – т.н. трамвај без шини, односно БРТ систем. Ако не функционираат заедно, повторно ќе имаме хаос како досега“, изјави Николоски во емисијата „Топ Тема“ на Телма.

Министерот откри дека веќе се работи со засилено темпо на првата линија на градскиот воз, која ќе се движи од Зелениково преку Драчево до Новата железничка станица.

„Проектот е огромен и суштински важен за Скопје. Не сакавме да се користи за политичка кампања, затоа промоцијата беше по изборите. Во план се три линии – првата од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром до Новата железничка станица, долга 25 километри. Втората линија ќе поврзува Миладиновци, Илинден, Маџари и Новата станица, а третата ќе оди од таму кон Скопје Север, Ѓорче Петров и Волково, сè до Радуша. Инфраструктурата постои, но децении наназад е запоставена – делови не се реновирани уште од 60-тите години“, нагласи Николоски.

Тој најави и изградба на бајпас околу Скопје, со што дизел-локомотивите и товарните возови повеќе нема да влегуваат во градот, со цел да се подобри квалитетот на воздухот.

Покрај тоа, Владата планира набавка на нови возови – процес што ќе започне две години пред завршувањето на брзата пруга.

„Овој проект не е само транспортен, туку и еколошки и стратешки. Со новите возови и бајпас линијата, ќе го намалиме загадувањето и ќе обезбедиме современ јавен превоз по европски стандарди“, рече Николоски.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK