ПРВ.мк
Скопје

Прекин на водоснабдувањето во Центар: Еве која улица ќе биде без вода

Прекин на водоснабдувањето во Центар: Еве која улица ќе биде без вода

Дел од корисниците на улицата „Ацо Караманов“ во скопската општина Центар утре, 17 септември, ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека станува збор за дефект на приклучна цевка со димензија 5/4 на улицата „Ацо Караманов“ број 17.

Поради интервенцијата, водоснабдувањето за дел од корисниците на улицата ќе биде прекинато од 08:00 часот.

Прекинот ќе трае до целосно завршување на санацијата на дефектот, по што водоснабдувањето ќе биде нормализирано.