ПРВ.мк
Скопје

Општина Центар започнува акција – еве што ќе се случи со 10 диво поставени објекти во срцето на Скопје!

Општина Центар започнува акција – еве што ќе се случи со 10 диво поставени објекти во срцето на Скопје!
Kristal

Инспекциските служби на Општина Центар извршија вонредни контроли на плоштадот „Филип Втори“ и влезот на Старата скопска чаршија, при што било откриено дека неколку објекти се диво поставени и незаконски заградени.

„При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од пет дена,“ соопштија од општината.

Доколку сопствениците не ги отстранат самите, Општина Центар ќе пристапи кон нивно присилно отстранување, потврдија надлежните.

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека општината ќе продолжи со силен надзор и редовни контроли, со цел да се спречи секое узурпирање на јавен простор и да се зачува достоинствениот изглед на центарот на градот.

„Општина Центар нема да дозволи јавниот простор да се претвори во приватен имот. Ќе продолжиме со континуирани контроли за да го зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот,“ истакна Герасимовски.

Escape