ПРВ.мк
Скопје

Итна интервенција над Скопје: Воздухопловни сили се борат со пожарот

Итна интервенција над Скопје: Воздухопловни сили се борат со пожарот

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево испрати дополнителни сили за справување со големиот пожар над селото Копаница, во Општина Сарај, со цел да им помогне на екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита.

Според информациите од ДЗС, во акцијата се вклучени два противпожарни авиони „Air Tractor“, кои дејствуваат од воздух, како и две теренски возила „Пинцгауер“, наменети за интервенција на тешко пристапен терен.

Пожарникарите и тимовите на Дирекцијата работат координирано за да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење кон околните населени места.

Надлежните информираат дека состојбата на терен постојано се следи, а сите расположливи ресурси се насочени кон што побрзо ставање на огнената стихија под контрола. Службите остануваат во приправност сè до целосно локализирање на пожарот.