ПРВ.мк
Скопје

БУТЕЛ СО ХУМАН ГЕСТ: Донирани 22 тони вода за жителите на Гостивар поради проблемите со снабдувањето!

БУТЕЛ СО ХУМАН ГЕСТ: Донирани 22 тони вода за жителите на Гостивар поради проблемите со снабдувањето!

Општина Бутел испрати значителна помош за граѓаните на Гостивар, донирајќи 22 тони вода за пиење поради отежнатата состојба со водоснабдувањето во овој град.

Донацијата е обезбедена како директна поддршка за жителите кои во изминатиот период се соочуваат со предизвици во обезбедувањето на основната потреба – чиста вода за пиење.

Од Општина Бутел информираа дека иницијативата била прифатена со поддршка од советниците, кои едногласно ја одобриле помошта за граѓаните на Гостивар.

„Сакам да им се заблагодарам на сите советници кои ја прифатија оваа донација, како и на општествено одговорните компании од Општина Бутел кои помогнаа таа да се реализира“, беше наведено во објавата.

Овој чекор претставува пример за солидарност меѓу локалните заедници, особено во моменти кога граѓаните се соочуваат со проблеми кои директно влијаат врз секојдневниот живот.