ПРВ.мк
Скопје

Од денес ново работно време за паркирање во Скопје – еве до колку часот ќе се наплаќа

Од денес ново работно време за паркирање во Скопје – еве до колку часот ќе се наплаќа

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека од денеска стапува во сила зимскиот режим на работа на зонското паркирање на јавните површини со кои управува претпријатието.

Според новото работно време, во зоните А, Б и Ц, наплатата од понеделник до петок ќе се врши во периодот од 07:00 до 21:00 часот.

Во сабота, во овие три зони паркирањето ќе се наплаќа од 07:00 до 14:00 часот.

За зоната Д, пак, нема промена. Таму и понатаму ќе важи досегашниот режим, односно наплатата ќе се врши од понеделник до сабота, во периодот од 07:00 до 23:00 часот.

Од ЈП „Градски паркинг“ ги повикуваат возачите да го имаат предвид зимското работно време и навремено да го регулираат паркирањето.