Авион на авиокомпанијата „Виз Ер“, кој летал кон Меѓународниот аеродром Скопје, бил принуден да го промени правецот и да слета на аеродромот во Приштина поради лошите временски услови над скопскиот регион.
Според податоците од платформите за следење на летови, авионот со ознака W64732 извесен период кружел над поширокото подрачје на Скопје, обидувајќи се да ги дочека условите за безбедно слетување.
Сепак, по неколку неуспешни обиди и поради невремето што го зафатило главниот град, екипажот донел одлука летот да биде пренасочен кон аеродромот во Приштина.
Пренасочувањето на летови во вакви ситуации е вообичаена безбедносна мерка, кога временските услови не овозможуваат сигурно слетување на планираната дестинација.
Патниците ќе продолжат со патувањето откако ќе се создадат услови за нивно безбедно пристигнување до крајната дестинација.










