ПРВ.мк
Скопје

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО СКОПЈЕ: По расправија го прободел со нож - ова е казната што му ја изрече судот!

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО СКОПЈЕ: По расправија го прободел со нож - ова е казната што му ја изрече судот!

Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против 37-годишниот Д.В. поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Инцидентот се случил на 7 август 2026 година, околу 21:10 часот, кога по претходна расправија осомничениот со нож го нападнал А.К. (38) од Скопје, нанесувајќи му тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата брзо реагирала и само 25 минути подоцна, во 21:35 часот, го лишила од слобода напаѓачот и го пронашла ножот со кој бил извршен нападот. По целосното документирање на случајот, против него е поднесена соодветна пријава, а судијата на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.