Општина Бутел нема да дозволи лоша и неквалитетна изведба на патната инфраструктура. Токму поради непочитување на стандардите, првиот изведувач на улицата „Натанаил Кучевишки“ беше стопиран и целосно отстранет од работа, по што се пристапи кон повторна, правилна реконструкција.

Оваа клучна сообраќајница се реконструира по цели 40 години, а увидот во тековните градежни активности потврдува дека градежната офанзива во општината продолжува со силна динамика.
Проектот се реализира во блиска соработка со Министерството за транспорт и врски. Притоа, упатена е и јавна благодарност до министерот Александар Николоски за одличната координираност и поддршка во процесот.
– Сакам да им се заблагодарам на жителите на оваа улица за нивното трпение и разбирање. Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата, која планирам во целост да ја оправдам и да работам исклучиво во нивен интерес. Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура во општина Бутел – се наведува во официјалниот став.









