ПРВ.мк
Скопје

ЈСП со изменет возен ред за Бадник и Божиќ – еве како ќе сообраќаат автобусите!

ЈСП со изменет возен ред за Бадник и Божиќ – еве како ќе сообраќаат автобусите!
Kristal

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека по повод божиќните празници, јавниот превоз во главниот град ќе функционира според изменет режим. На 6 јануари (Бадник) и 7 јануари (Божиќ), сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

За граѓаните кои ќе имаат потреба од услуги на ЈСП, дежурни ќе бидат само одредени билетарници:

  • Транспортен центар: 08:00 – 14:00 часот
  • Жичница: 10:00 – 17:00 часот

Жичницата на Водно во текот на двата празнични денови ќе работи според вообичаениот распоред, од 10:00 до 17:00 часот.

ЈСП Скопје им упати честитка на сите православни христијани по повод претстојните празници, со желба за мир и радост во домовите.

FixCredit
Escape