Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје рано утринава уапсија лице од скопско, кај кое биле пронајдени дрога и огнено оружје.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 4 јануари 2026 година околу 02:20 часот, во селото Инџиково бил извршен полициски преглед на Р.С. од село Гумалево, кој управувал патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички.
При контролата, кај лицето бил пронајден кокаин, додека во автомобилот бил откриен пиштол марка „Застава“ М57, калибар 7,62 милиметри, со наполнета рамка со девет куршуми. За оружјето, како што информира полицијата, осомничениот не поседувал соодветна дозвола.
Лицето веднаш било лишено од слобода и задржано во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.
Од МВР наведуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни законски мерки.















