Утре, 06 јануари 2026 година, по повод големиот христијански празник Бадник, во Скопје ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради одржување на традиционалната „Бадникова манифестација“, во рамки на Бадниковите поворки.
Поворката ќе се движи по следната траса:од пред општинската зграда на Општина Кисела Вода, по улицата „Борис Трајковски“, лево по булевар „Македонија“, потоа по улицата „Св. Кирил и Методиј“ до пред Музејот на град Скопје, а потоа повторно по улица „Македонија“ до плоштадот „Македонија“, каде ќе се одржи централната манифестација.
Поради настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за привремено затворање и пренасочување на сообраќајот на улиците по трасата на движење на поворките, како и во поширокиот реон околу верските објекти.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните:
„Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.“
На граѓаните им се препорачува навремено да ги испланираат своите маршрути и, доколку е можно, да користат алтернативни правци или јавен превоз.
















