ПРВ.мк
Магазин

Нестабилно време до викендот - Еве кога доаѓа снегот кај нас!

Нестабилно време до викендот - Еве кога доаѓа снегот кај нас!
Kristal

Утрешниот ден ќе биде променливо облачно, со врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни, над 25 l/m², особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен јужен ветер, со брзина над 60 km/h. Температурите ќе се движат од 4 до 16 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ветерот ќе биде умерен, од јужен правец, а температурите ќе бидат меѓу 8 и 14 степени.

Поглед напред – зимски услови на Балканот

  • Големиот снежен бран ќе влијае врз западните делови на земјата, каде на планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места.
  • Четврток носи продор на постуден воздух и засилен северен ветер, со врнежи што на повисоките места ќе преминуваат во снег.
  • Петок ќе донесе преодно стабилизирање на времето, но за викендот, особено во сабота, се очекуваат повторни локални врнежи од дожд и снег, кои на одредени места можат да бидат пообилни.
  • Температурите ќе бидат во опаѓање, со свежи и зимски услови низ целата земја.
FixCredit
Escape