Поради планирани технички зафати и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, утре (15 јули) делови од Радишани, Карпош и Центар ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН.
Според најавениот распоред, во населбата Радишани прекин на снабдувањето ќе има на дел од улица 18, во периодот од 08:00 до 15:00 часот.
Во Карпош, без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците во близина на улицата „Прашка“ бр. 20.
Во истото време, од 09:00 до 14:00 часот, прекин е најавен и за дел од населбата Центар, поточно на улицата „Козара“ бр. 32.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги исклучат чувствителните електрични уреди и да ги прилагодат своите активности, бидејќи прекините се планирани поради реконструкција и безбедносни проверки на електродистрибутивната мрежа.









