ПРВ.мк
Скопје

ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ ОД СКОПЈЕ: Маж пренесен во болница поради вдишување чад - ова е неговата состојба!

ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ ОД СКОПЈЕ: Маж пренесен во болница поради вдишување чад - ова е неговата состојба!

Синоќа во скопската населба Кисела Вода избувнал пожар во кои биле зафатени жива ограда од семејна куќа и патничко моторно возило марка „Ауди“ со скопски регистарски ознаки.

Интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, која успешно го локализирала и изгаснала огнот. За време на инцидентот, со повреди како последица на вдишување чад се здобил 41-годишниот М.Д. од Скопје, кој бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже соодветна лекарска помош.

На местото на настанот увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје со цел утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.