ПРВ.мк
Скопје

НОЌЕН ПОЖАР ВО СКОПЈЕ! Едно возило во пепел, друго оштетено во пожар

НОЌЕН ПОЖАР ВО СКОПЈЕ! Едно возило во пепел, друго оштетено во пожар

Ноќеска во Скопје се случил пожар на подрачјето на Бит Пазар, при што едно патничко возило целосно изгорело, а друго било делумно оштетено.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни во 01:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Никола Карев“ избувнал пожар во патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Н. (32) од Скопје.

Пожарот брзо се проширил и зафатил и друго возило, марка „БМВ“, кое било паркирано во близина. Тоа возило е сопственост на С.А. (25) од скопското село Арачиново и претрпело делумни оштетувања.

На местото на настанот веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, која успеала да го изгасне пожарот и да спречи поголема штета или проширување на огнот на околните објекти и возила.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица, но е причинета материјална штета.

Надлежните служби извршиле увид на лице место, а причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати и се предмет на понатамошна истрага.