ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СКОПЈАНИ: Осум скопски населби утре без вода - проверете дали вашата е на списокот!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СКОПЈАНИ: Осум скопски населби утре без вода - проверете дали вашата е на списокот!

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре повеќе населби и населени места во Скопје ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.

Како што соопштуваат од претпријатието, поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-600 милиметри на улицата „Борис Трајковски“, во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ во Пинтија, ќе биде прекинато водоснабдувањето во следните населени места:

  • Пинтија
  • Усје
  • Долно Лисиче
  • Драчево
  • Батинци
  • Студеничани
  • Моране
  • Зелениково

Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае сè до целосното санирање на дефектот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните навреме да обезбедат доволни количини вода за своите потреби додека трае интервенцијата.