ПРВ.мк
Скопје

Аква паркот во Скопје останува затворен и ова лето - ова е причината!

Аква паркот во Скопје останува затворен и ова лето - ова е причината!

Аква паркот, кој е дел од спортскиот центар Борис Трајковски, нема да работи ниту ова лето, поради лоша состојба на објектот и потреба од целосна санација, изјави директорот Даниел Апостоловски.

Тој посочува дека за реконструкција на аква паркот се потребни околу еден милион евра, но во моментов нема финансиски средства за ваква инвестиција. Наместо тоа, приоритет ќе биде реновирањето на базенот во рамките на спортскиот центар.

Аква паркот е затворен уште од 2024 година. Според ревизорски извештаи, одлуката за затворање е донесена поради економска неисплатливост и истечен десетгодишен гарантен рок на опремата.

Во 2023 година, објектот остварил приход од 4,29 милиони денари, што е значително под планираното ниво – околу 41% помалку од очекувањата.

Со ова, еден од најпознатите летни објекти во Скопје останува надвор од функција, без јасен рок кога би можело да следи негово повторно отворање.