ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Делови од Скопје утре повторно без вода - еве до кога ќе трае прекинот!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Делови од Скопје утре повторно без вода - еве до кога ќе трае прекинот!
Kristal

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 29 декември 2025 година (понеделник), ќе дојде до прекин во водоснабдувањето поради изведување на водоводен приклучок со пречник Ф200 милиметри на улицата Титовелешка б.б.

Поради планираните технички зафати, без вода ќе останат корисниците од населбата Маџир Маало, која се наоѓа на подрачјето на Општина Центар. Од јавното претпријатие посочуваат дека интервенцијата е неопходна за подобрување и унапредување на водоводната инфраструктура.

Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 10:30 часот и ќе трае сè до целосно завршување на работните активности на терен. Надлежните апелираат граѓаните навремено да се подготват и да обезбедат резерви на вода за основните потреби во текот на денот.

FixCredit
Escape