Во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 09:00 часот на 28 декември 2025 година, на паркинг на булеварот „АСНОМ“ во Скопје биле оштетени 34 патнички возила, со вкупна материјална штета проценета на околу 11.000 евра, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а за случајот е известен јавен обвинител. Од полицијата најавуваат преземање на мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на инцидентот.
















