Ноќеска по полноќ, на регионалниот пат меѓу селата Липково и Отља, се случила сообраќајна несреќа.
Според информациите од полицијата, околу 01:00 часот, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 22-годишен маж од селото Отља, излетало од коловозот и удрило во ѕид од гаража.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово, каде што лекарска екипа ги констатирала повредите.
На местото на настанот бил извршен увид од полициска екипа.
















