ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА: Три лица хоспитализирани, меѓу нив и дете - ова се деталите!

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА: Три лица хоспитализирани, меѓу нив и дете - ова се деталите!
Kristal

На 27 декември попладнето, на крстосницата од магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во населбата Карпош, се случил сообраќаен инцидент.

Според СВР Куманово, околу 16:15 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „дачиа“ со кумановски регистарски ознаки и патничко возило „сеат“ со регистарски таблички од Крива Паланка.

Во несреќата, тешки телесни повреди се здобила 28-годишна жена од Скопје, сопатничка во „сеатот“. Со телесни повреди биле здобиле и возачот на „сеатот“, 27-годишен маж од селото Конопница, како и малолетен сопатник од истото возило.

Сите повредени се пренесени и згрижени во Општа болница Куманово, каде што им биле констатирани повредите.

На местото на несреќата бил извршен увид од полициска екипа од СВР Куманово.

FixCredit
Escape