Утре наутро времето ќе биде ведро и многу студено, додека преку денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
- Минимална температура: од -9 до -2 °C
- Максимална температура: од 5 до 12 °C
За Скопје: Сончево со мала облачност, слаб до умерен северен ветер.
- Минимална температура: -6 °C
- Максимална температура: 6 °C
Во наредните денови се очекува стабилно и студено време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе достигнат и до -10 °C. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ветерот ќе биде умерен, повремено засилен, од северен правец.
















