ПРВ.мк
Македонија

ГРАЃАНИТЕ ГНЕВНИ: Додека чекаме скрининг за Рак, тивко умираме - дали ќе има решение за овој проблем?

ГРАЃАНИТЕ ГНЕВНИ: Додека чекаме скрининг за Рак, тивко умираме - дали ќе има решение за овој проблем?
Kristal

Граѓанските организации повикуваат државата да обезбеди поефикасна превенција и рано откривање на ракот во земјава. Според податоците на Клиниката за онкологија, само оваа година се дијагностицирани околу 5.000 нови случаи на карцином. Кај жените, најчестите форми на рак се рак на грлото на матката и рак на дојката.

Од организацијата ЕССЕ истакнуваат дека е потребно зголемување на бројот на кампањи и едукација, како и подобрување на скрининг програмите.

Борјан Павлоски – Здружение ЕССЕ: „Скрининг програмите иако постојат повеќе од десет години, не го опфаќаат доволниот број жени за да се сметаат за успешни. Ракот на грлото на матката е еден од ретките карциноми кој може да се спречи – преку ХПВ вакцинација како прв чекор и редовен скрининг. За ефикасност потребно е да се опфатат околу 75% од жените, но кај нас опфатот е значително понизок.“

Од ЕССЕ посочуваат дека дополнителен проблем е недостатокот на гинеколози во одредени општини, како и недоволната здравствена инфраструктура.

Борјан Павлоски – Здружение ЕССЕ: „Дополнително, Пап тестот треба да се замени со ХПВ тестирање кое е многу попрецизно и овозможува рано откривање и лекување на заболувањето.“

Жените можат да се пријават за скрининг онлајн на веб страницата skrining.zdravstvo.gov.mk, каде со пополнување на формуларот се врши регистрација за скрининг мамографија преку националниот систем „Мој Термин“, по што се добива потврда со закажан термин.

Со оглед на растечкиот број на помлади лица со дијагностициран рак, ТВ 24 праша дали се размислува за симнување на возрасната граница за скрининг. Министерството за здравство одговори дека возрасната група и критериумите за скрининг ги утврдува Националната комисија за рана детекција и скрининг на рак на дојка, според европските препораки. Секоја промена во возрасната граница се разгледува од стручен аспект.

Организираниот скрининг е препознатлива мерка во повеќе држави и има за цел да го намали бројот на новорегистрирани случаи на рак преку превенција и рано откривање.

FixCredit
Escape