На 27 декември попладнето, на магистралниот пат Штип–Кочани, кај излезот од селото Чардаклија, се случи сериозна сообраќајна несреќа.
Според информациите од СВР Штип, околу 16:13 часот дошло до судир меѓу патничко возило „пежо 607“, управувано од 28-годишен жител на Радовиш, и товарно возило „форд транзит“, кое го управувал 60-годишен маж од селото Горни Подлог, Кочанско.
Во несреќата, возачот на „пежото“ се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на товарното возило и неговите две сопатнички, жени на возраст од 58 и 62 години, се здобиле со телесни повреди.
Сите повредени биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што им биле констатирани повредите и им е пружена соодветна медицинска помош.
На местото на несреќата бил извршен увид од полициска екипа од СВР Штип, а истрагата за причините за судирот продолжува.
















