ПРВ.мк
Топ Вести

УБАВА ВЕСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Минималната плата ќе се зголеми во март - еве колку ќе изнесува!

УБАВА ВЕСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Минималната плата ќе се зголеми во март - еве колку ќе изнесува!
Kristal

На денешната седница на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за зголемување на минималната плата на 500 евра, како што бараше Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) уште од мај 2024 година.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, по седницата изјави дека минималната плата ќе се зголеми редовно во март, за 1.500 до 2.000 денари, и дека интервентно покачување пред тоа би било ризично за малите и средни претпријатија, кои можат да отпуштаат работници. „Проекциите се дека инфлацијата следната година ќе падне под 3%. Интервентното покачување ќе предизвика проблеми кои ќе се видат за два-три месеца“, рече Дурмиши.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, демантираше дел од тврдењата, истакнувајќи дека во регионот минималната плата веќе достигнува значително повисоки износи – 500 евра во Албанија и Косово, 550 евра во Србија, а во Босна и Херцеговина е приближно на нивото на македонската просечна плата. Тој посочи дека ССМ ќе преземе активности и мерки за зголемување на минималната плата и на другите плати и во 2026 година, како што постапуваа во јануари и февруари 2022 година.

На седницата се разговарало за различни износи, од 500 до 1.000 евра, а Трендафилов побара Владата да се изјасни брзо за ново зголемување на минималната плата, предупредувајќи дека во спротивно синдикатот ќе преземе активности слични на протестите од пред три години.

Во моментов минималната плата изнесува 24.397 денари.

FixCredit
Escape