ПРВ.мк
Топ Вести

Кина повторно на пат да сруши рекорд: Гради најголема брана во светот - еве како изгледа!

Кина повторно на пат да сруши рекорд: Гради најголема брана во светот - еве како изгледа!
Kristal

Кина започна изградба на нова гигантска брана на реката Јарлунг Цангпо на источниот раб на Тибетската висорамнина, проект вреден 170 милијарди долари, кој се очекува да произведува електрична енергија доволна за целосно напојување на земја како Велика Британија.

Реката во овој дел има пад од 2.000 метри на должина од 50 километри, што го максимизира потенцијалот за производство на струја. Проектот ќе вклучува пет хидроелектрани, кои заедно ќе произведуваат 300 TWh годишно – над шест пати повеќе од годишната потрошувачка на електрична енергија во Грција.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг го нарече проектот „проект на векот“, со нагласок на „спречување на штети врз животната средина“. Сепак, еколошките организации предупредуваат на сериозни влијанија врз локалните екосистеми, додека Индија и Бангладеш се загрижени за милионите луѓе кои живеат низводно од реката. Областа е високо сеизмичка, што дополнително ја зголемува загриженоста.

Владината најави веќе предизвика еуфорија на берзата, со надеж дека проектот ќе го поттикне градежниот сектор и ќе ја зголеми побарувачката за цемент. Според проценки на „Ситигруп“, годишната придобивка за кинескиот БДП за време на изградбата би можела да достигне 16,7 милијарди долари.

Сепак, не е јасно колку лица ќе мора да ги напуштат своите домови. За споредба, браната „Три клисури“ создаде речиси еден милион работни места, но предизвика и големи раселувања.

Реката Јарлунг Цангпо, која по текот кон Индија се нарекува Брамапутра, предизвикува протести во индиската држава Аруначал Прадеш, каде локалните власти изјавија дека браната би можела да го намали протокот на вода за 80% само на 50 километри од границата.

Иако браната „Три клисури“ во Кина е најголема по хидроелектричен капацитет, рекордот за волумен на вода го држи браната Кариба на реката Замбези, со 180 кубни километри вода. Капацитетот на новата брана во Тибет сè уште не е објавен.

FixCredit
Escape