ПРВ.мк
Црна Хроника

ОРГАНИЗИРАН ГРАБЕЖ: Малолетници ограбиле жена - ова се деталите!

ОРГАНИЗИРАН ГРАБЕЖ: Малолетници ограбиле жена - ова се деталите!
Kristal

Рано утринава, на 28 декември, четири малолетни лица од Скопје беа лишени од слобода под сомнение дека извршиле грабеж на една скопјанка.

Како што соопшти полицијата, околу 03:20 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привела малолетниците на улицата „Цветан Димов“. Првичните информации покажуваат дека тие насилно ѝ ја одзеле чантата на женското лице, во која се наоѓале лични документи и платежна картичка.

По приведувањето, малолетниците биле спроведени во Полициска станица Бит Пазар, каде што се задржани за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

FixCredit
Escape