ПРВ.мк
Скопје

СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ: Исчезната жена од Скопје - еве каде последен пат е видена!

СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ: Исчезната жена од Скопје - еве каде последен пат е видена!

Семејството на 61-годишната Сузан Мемет од скопската населба Ѓорче Петров апелира до јавноста за итна помош, откако таа исчезнала синоќа и оттогаш нема никаква трага од неа.

Според сведоштвото на нејзините најблиски, Сузан излегла од својот дом меѓу 20 и 21 часот без да каже каде оди и без никакво објаснување. Со себе ги зела само цигарите, додека мобилниот телефон, личните документи и сите други лични работи останале дома.

Нејзиното семејство вели дека вакво нешто никогаш претходно не се случило и дека станува збор за посветена сопруга, мајка и баба, која целиот свој живот го посветила на домот и блиските.

Сузан е висока околу 160 сантиметри, слаба градба, со кратка црна коса, иако на постара фотографија може да се забележи со темна бордо нијанса. Во моментот кога излегла од домот била облечена во сив џемпер и носела собни влечки.

Семејството посочува дека немала познати здравствени проблеми, но во последните две недели забележале дека била потиштена и повлечена.

Случајот веќе е пријавен во полиција, а блиските апелираат секој што има било каква информација веднаш да реагира.

Доколку некој ја забележи, семејството замолува веднаш да се јави на 077 812 712 или на бројот за итни случаи 112. Секоја информација може да биде клучна за нејзиното безбедно пронаоѓање.