ПРВ.мк
Скопје

СКОПЈЕ ПОСЛЕ ГОДИНИ ПРИТИСОК ДОБИВА ТРИ НОВИ ЈАВНИ ТОАЛЕТИ – ЕВЕ КАДЕ СЕ ПЛАНИРААТ ЛОКАЦИИТЕ

СКОПЈЕ ПОСЛЕ ГОДИНИ ПРИТИСОК ДОБИВА ТРИ НОВИ ЈАВНИ ТОАЛЕТИ – ЕВЕ КАДЕ СЕ ПЛАНИРААТ ЛОКАЦИИТЕ

По долгогодишни реакции, поплаки и незадоволство од граѓаните, Скопје влегува во процес на поставување три современи јавни тоалети на најфреквентните точки во градот.

Како што е најавено, подготовките се во тек, а новите објекти треба да бидат поставени на три клучни локации кои секојдневно ги користат голем број граѓани и туристи.

Еден од јавните тоалети е планиран да биде поставен во Градскиот парк, вториот на просторот кај плоштадот „Филип Втори“, додека третиот ќе се наоѓа во близина на главниот градски плоштад.

Проблемот со недостиг на јавни санитарни објекти во Скопје со години е една од најчестите забелешки од жителите, но и од туристичките водичи, кои посочуваат дека често се принудени да ги носат групите во угостителски објекти поради непостоење на јавни решенија.

Граѓаните реагираат дека ваквата состојба е несоодветна за главен град и туристичка дестинација, и бараат побрза реализација, како и редовно одржување на новите објекти откако ќе бидат поставени.

Дел од коментарите одат и чекор понатаму, со предлози за воведување систем на наплата и јасен механизам за одржување, со цел објектите да останат функционални и чисти.

Сепак, засега останува да се види кога точно ќе започне реализацијата и колку брзо проектот ќе биде завршен на терен.