Во општина Бутел овој викенд се одржа вториот мото собир, кој привлече голем број љубители на моторите и љубители на адреналин и забава. Настанот се одвиваше во паркот „Олимписки Сон“, кој беше централна точка на мото случувањата.

Посетителите имаа можност да уживаат во разновидна програма исполнета со мото игри, музика и гастрономска понуда. Атмосферата беше исполнета со добра енергија, дружење и заедничко уживање на моторџиите и гостите.
Организатор на настанот беше мото клуб „Црни“ од Радишани, кој и годинава се погрижи за успешна реализација на собирот. Од клубот изразија задоволство од одзивот и поддршката од заедницата.

Општина Бутел и оваа година беше главен поддржувач и генерален спонзор на настанот, со што даде придонес за негово одржување и развој.
Организаторите најавуваат дека традицијата ќе продолжи и наредната година, со очекување на уште поголем број учесници и посетители, како и збогатена програма.











