ПРВ.мк
Топ Вести

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Утре овие општини во Скопје остануваат без струја - проверете дали сте на списокот!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Утре овие општини во Скопје остануваат без струја - проверете дали сте на списокот!

Корисници во делови од Сопиште и Ѓорче Петров утре ќе останат без електрична енергија поради најавени активности на електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН.

Во Општина Сопиште, прекин во снабдувањето е најавен за дел од селото Ракотинци, како и за месноста Црвена Прс.

Без електрична енергија утре ќе останат и одредени корисници во Општина Ѓорче Петров. Станува збор за корисниците на улицата кај базата на „Еуробетон“, во близина на „ББФ Компани“, кај Стенковец.

Од ЕВН информираат дека прекинот е поврзан со планирани активности на електродистрибутивната мрежа.