На 6 септември 2026 година, околу 00:30 часот, на регионалниот пат меѓу струшките села Калишта и Радожда, полицијата го лишила од слобода Б.Б. (50) од село Радожда, Струшко.
Полициските службеници при контрола во патниот сообраќај сопреле патничко возило „пежо“ кое го управувал 50-годишникот. При проверката било утврдено дека во крвта имал дури 2,40 промили алкохол.
Поради високото ниво на алкохол, возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, а полицијата му ги одзела возилото и возачките документи.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.







