За време на одржувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полицијата привела 34-годишен кавадарчанец кај кого при извршен преглед биле пронајдени бела прашкаста материја и пари.
Од МВР информираат дека случајот се случил на 5 септември околу 22:45 часот. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода К.М. (34) од Кавадарци.
Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против 34-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.








