ПРВ.мк
Сцена

(ВИДЕО) „ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА“: Жељко Самарџиќ со знамето од Кутлеш го крена Кавадарци на нозе

(ВИДЕО) „ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА“: Жељко Самарџиќ со знамето од Кутлеш го крена Кавадарци на нозе

„Да живее Македонија!“ – порача Жељко Самарџиќ пред кавадаречката публика, каде настапи во рамки на „Тиквешки гроздобер 2026“. Пејачот на сцената се појави со знамето од Кутлеш, предизвикувајќи големо воодушевување кај присутните.

Кавадарци во еден глас ги пееше неговите најпознати песни, а концертот помина во знакот на емоции, добра атмосфера и безвременските хитови на популарниот пејач. Вечерта на „Тиквешки гроздобер“ остави силен впечаток кај публиката и понуди музичко доживување за паметење.