ПРВ.мк
Црна Хроника

ОГНОТ СЕ ПРОШИРИЛ КОН СОСЕДНИТЕ ИМОТИ: Маж фатен како подметнува пожар - еве каква казна му следува!

ОГНОТ СЕ ПРОШИРИЛ КОН СОСЕДНИТЕ ИМОТИ: Маж фатен како подметнува пожар - еве каква казна му следува!

Полицијата привела 38-годишен жител на Македонски Брод по пријава дека предизвикал пожар во селото Брезница.

Од ОВР Македонски Брод информираат дека М.Т. бил лишен од слобода на 5 септември, откако било пријавено дека истиот ден околу 10 часот избувнал пожар во близина на неговата куќа во Брезница.

Според пријавеното, пожарот настанал поради искрење од бензински тример за косење, по што огнот се проширил кон соседните имоти. Во инцидентот нема повредени лица.

Пожарот бил ставен под контрола и изгаснат со интервенција на екипа од ЈП „Национални шуми“, со помош на локалното население.

По целосното документирање на случајот, против 38-годишниот маж ќе биде поднесена соодветна пријава.