Најмалку 21 лице го загубило животот во тешка автобуска несреќа на островот Фого, во Зеленортските Острови. Автобусот во кој се превезувале студенти излетал од патот и паднал во провалија длабока околу 30 метри.
Според претставник на локалната цивилна заштита, несреќата се случила во саботата навечер. Автобусот се враќал од екскурзија во Ча дас Калдеирас, кога од сè уште непознати причини излетал од коловозот и се урнал во провалијата.
Во автобусот имало поголем број млади лица и средношколци од областите Курал Гранде и Понта Верде. Меѓу жртвите е потврден и возачот на автобусот.
По несреќата на терен биле испратени екипи на итната медицинска помош, пожарникари и припадници на цивилната заштита. Повредените биле пренесени во Регионалната болница „Сао Франциско де Асис“, каде им била укажана медицинска помош.
Спасувачките и надлежните служби продолжуваат со активностите на местото на несреќата, додека причините поради кои автобусот излетал од патот сè уште се истражуваат.








