ПРВ.мк
Балкан

Трагедија на аеромитинг во Грција: Се урна воен авион, загинаа двајцата пилоти

Трагедија на аеромитинг во Грција: Се урна воен авион, загинаа двајцата пилоти

Трагедија се случи денеска за време на воздушна претстава во грчката воена база Танагра, на околу 60 километри од Атина, кога борбен авион „Ф-4 Фантом II“ се урна при изведување маневар.

Според информациите објавени од грчките медиуми, во авионот имало двајца пилоти и двајцата го загубиле животот. Нивните тела биле пронајдени по несреќата.

Се наведува дека пилотите не успеале навреме да го активираат системот за катапултирање. Веднаш по падот на авионот на местото биле испратени противпожарни и медицински екипи.

Несреќата се случила за време на „Athens Flying Week 2026“, голем аеромитинг кој привлекол илјадници посетители.

Настапот на авионите „Ф-4 Фантом“ имал посебно значење годинава, бидејќи нивните летови биле планирани како едни од последните јавни појавувања пред повлекувањето на овој тип авиони од активна служба.

Причината за падот засега не е официјално утврдена.