ПРВ.мк
Скопје

ЕВН со важно известување: Неколкучасовен прекин на струјата во Скопје – еве каде и кога

ЕВН со важно известување: Неколкучасовен прекин на струјата во Скопје – еве каде и кога

Жителите на делови од општините Бутел и Кисела Вода утре 8ми Јуни ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.

Според најавите, во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Приштинска“, „Марко Крале“, „Призренска“, „Љубо Петровиќ“ и „Бутелска“ во општина Бутел.

Во општина Кисела Вода, пак, од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето ќе имаат дел од корисниците на булеварот „Борис Трајковски“, односно зградите спроти Расадник, меѓу кои се објектите на „Трим и Лум“, „Елена Лука“ и други деловни и станбени објекти во околината.

Во истиот временски период без електрична енергија ќе останат и дел од жителите на улицата „Михаил Чаков“, спроти Расадник.

Од надлежните информираат дека прекините се привремени и се должат на планирани работи за подобрување и одржување на електроенергетската мрежа, по што снабдувањето ќе биде нормализирано.