ПРВ.мк
Скопје

ЃОРЃИЕВСКИ ОБЈАВИ: ГАСНИ ЦЕНТРАЛИ ЌЕ ГО СПРАВАТ СКОПСКОТО ЗАГАДУВАЊЕ!

ЃОРЃИЕВСКИ ОБЈАВИ: ГАСНИ ЦЕНТРАЛИ ЌЕ ГО СПРАВАТ СКОПСКОТО ЗАГАДУВАЊЕ!
Kristal

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека загревањето на домаќинствата е основен извор на загадувањето во главниот град и дека се планира изградба на гасни централи како дел од решението.

– „Ние мора сериозно да работиме на базичниот проблем што го создава загадувањето, а тоа е греењето на домаќинствата. Веќе имавме неколку средби со претседателот на Владата во врска со гасните централи што планираме да ги реализираме во Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој појасни дека веќе започнала постапка преку Светска банка за набавка на над 20 нови комунални машини за потребите на „Комунална хигиена“. Овие нови возила и механизација ќе ги заменат дел од старите уреди за кои се трошат значителни средства за амортизација и поправки.

– „Во Буџетот за следната година ќе бидат предвидени дополнителни средства како Град Скопје и „Комунална хигиена“ за инвестиции во нови машини и механизација“, рече градоначалникот.

Во врска со јавните претпријатија, Ѓорѓиевски нагласи дека во „ЈСП – Скопје“ има многу договорци, особено шофери, чиј статус треба да се реши, бидејќи некои работат по 12-13 години на договор на дело.

– „Ќе се обидам барем дел од нив да го решиме статусот и да обезбедиме трајно вработување за оние кои ја вршат дефицитарната работа“, истакна градоначалникот.

Ѓорѓиевски најави и ревизија на работењето во Град Скопје, при што надлежностите на 23 раководители на сектори веќе им се одземени како дел од реформските мерки за подобрување на работењето на институцијата.

FixCredit
Atensa 300
Escape