Во скопската општина Аеродром се случи вознемирувачки инцидент – три малолетнички физички нападнале 15-годишно девојче, при што една од нив употребила тврд предмет, потврдија од полицијата.
Според информациите од СВР Скопје, настанот се случил на 31 октомври 2025 година, околу 15:00 часот, а нападот го пријавила мајката на девојчето, М.С. (57) од Скопје, во 21:00 часот истиот ден.
„На подрачјето на општина Аеродром, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички кои ги познавала, од кои едната употребила тврд предмет“, стои во полицискиот билтен.
Нападнатата тинејџерка веднаш била однесена на лекарски преглед, каде што било утврдено дека има полесни повреди, но е во состојба на шок поради претрпениот напад.
Полицијата информира дека случајот е пријавен до јавен обвинител, кој е вклучен во постапката, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивот зад инцидентот.
Случајот предизвика бурни реакции кај јавноста, особено поради тоа што се работи за девојчиња на многу млада возраст, што повторно го отвори прашањето за растечкото насилство меѓу младите во земјава.
















