ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Голем дел од Скопје утре ќе остане без вода дури 13 часа! - проверете дали сте на списокот

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Голем дел од Скопје утре ќе остане без вода дури 13 часа! - проверете дали сте на списокот

Повеќе населби, јавни институции и деловни објекти во Скопје утре ќе останат без вода поради дефект на затворачи на водоводната линија на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 до 22:00 часот, а без вода ќе останат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, трговскиот центар Мавровка, дел од Старата скопска чаршија, Саат-кулата, како и улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“.

Прекин во водоснабдувањето ќе има и на дел од булеварот „Крсте Мисирков“, во населбата Крњево, Македонската телевизија и трговскиот центар Ист Гејт.

Од јавното претпријатие информираат дека жителите во ниската зона од Автокоманда до Камник нема целосно да останат без вода, но ќе имаат значително намален притисок во водоводната мрежа.

Од „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните навреме да обезбедат доволни количини вода за основните потреби додека траат работите за отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.