ПРВ.мк
Скопје

(ФОТО) КЕЈОТ ДОБИ НОВО ЛИЦЕ: Отворен уште еден модерен простор за граѓаните!

(ФОТО) КЕЈОТ ДОБИ НОВО ЛИЦЕ: Отворен уште еден модерен простор за граѓаните!

Граѓаните на Скопје добија уште еден уреден и современ спортски простор на Кејот на Вардар, со пуштањето во употреба на реконструираниот спортски центар во Маџир Маало, во општина Центар.

Објектот денеска го промовираа министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, при што беше истакнато дека се работи за значајна инвестиција во спортската инфраструктура.

На местото на претходниот руиниран терен е изградено ново повеќенаменско игралиште за фудбал и ракомет, како и посебен кошаркарски терен со модерна полипропиленска подлога. Просторот е дизајниран за користење од различни возрасни групи и за различни спортски активности.

Според надлежните, новиот комплекс ќе служи како место за спорт, рекреација и дружење, со цел да се поттикне активен и здрав начин на живот кај граѓаните. Инвестицијата е дел од поширока програма за обновување и изградба на спортска инфраструктура во земјата.

Со овој проект, Скопје добива уште една уредена спортска зона покрај Кејот на Вардар, надоврзувајќи се на претходно реконструираните терени во близина на Луна паркот.