Жителите и институциите во дел од централното градско подрачје на Скопје денеска ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради интервенција на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека работите ќе започнат во 09:00 часот, а причината е санирање на дефект на затварачи на водоводна линија на крстосницата меѓу булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“.
Без вода привремено ќе останат повеќе значајни објекти и населени места, меѓу кои МАНУ, Граѓанскиот суд, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, трговскиот центар Мавровка, дел од Старата чаршија, Саат Кулата, како и улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“.
Прекин во водоснабдувањето ќе има и на дел од булеварот „Крсте Мисирков“, во населбата Крњево, околината на Македонската телевизија и комплексот Ист Гејт.
Од претпријатието додаваат дека освен целосниот прекин кај дел од корисниците, со намален притисок на вода ќе се соочат и жителите во ниската зона од Автокоманда до Камник, сè до завршување на интервенцијата.










