ПРВ.мк
Скопје

Скопје повторно ќе се прска против комарци – еве кога и каде

Скопје повторно ќе се прска против комарци – еве кога и каде

Важно известување за скопјани: Утре ќе има авионско прскање против комарци

Град Скопје информира дека утре, 10 јули, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на главниот град.

Од Градот соопштуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на акцијата, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин.

Воедно, надлежните упатија апел до пчеларите навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Иако во изминатиот период беа реализирани повеќе акции за третирање против комарци, дел од граѓаните и понатаму пријавуваат зголемено присуство на овие инсекти во различни населби низ Скопје.

Од градските власти посочуваат дека целта на редовните дезинсекции е намалување на популацијата на комарци и подобрување на условите за живот во текот на летните месеци.