Ријана и АСАП Роки повторно се најдоа во центарот на вниманието, откако нивното заедничко појавување на Барбадос предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Познатата двојка уживаше во атмосферата и ритамот на музиката, а нивниот танц за кратко време стана една од најсподелуваните снимки на интернет.
Во еден момент тие изведоа провокативни танцови движења кои многумина ги протолкуваа како симулација на интимен однос, што предизвика бурни реакции кај присутната публика. Дел од гледачите со воодушевување ја поздравија нивната разиграност, додека други оценија дека овој пат сепак ја преминале границата.
За време на настапот, Ријана и АСАП Роки постојано беа насмеани и расположени, а нивната блискост и хемија уште еднаш беа во фокусот на јавноста.
Ова не е првпат славниот пар да привлече внимание со своето однесување на јавен настан. Тие се познати по тоа што без двоумење ја покажуваат својата блискост, без разлика дали станува збор за појавувања на црвениот тепих, концерти или други јавни настани.
Иако мислењата на јавноста остануваат поделени, едно е сигурно – нивниот настап повторно ги преплави социјалните мрежи и ги направи една од најкоментираните теми во јавноста.








