ПРВ.мк
Сцена

ТАЖНО ПРИЗНАНИЕ ШТО ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Филмска ѕвезда ја откри својата најтешка тајна по месеци молк!

ТАЖНО ПРИЗНАНИЕ ШТО ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Филмска ѕвезда ја откри својата најтешка тајна по месеци молк!

Познатиот британски актер Сајмон Расел Бил, кој се прослави со улогата во серијата Куќа на змејот, откри дека се соочува со сериозна и неизлечива болест. На актерот му бил дијагностициран рак на дебелото црево, со кој, како што самиот признал, се борел далеку од очите на јавноста во изминатите осум месеци.

Покрај улогата на Сер Сајмон Стронг во популарната серија, Сајмон Расел Бил е препознатлив и по настапите во филмовите Мојата недела со Мерилин, Мери, кралица на Шкотите и Смртта на Сталин, каде остави силен впечаток со својата актерска умешност.

Актерот открил дека неговата борба започнала веднаш по завршувањето на снимањето на проект поврзан со универзумот на Игра на тронови. Тогаш бил итно пренесен во болница, каде лекарите му ја соопштиле дијагнозата, што претставувало пресвртница во неговиот живот.

Минатата година, Сајмон Расел Бил се повлече од театарска претстава, при што како причина беше наведена „лоша здравствена состојба“. Дури сега, тој одлучи јавно да проговори и да ја сподели вистината зад таа одлука, откривајќи ја тежината на ситуацијата со која се соочувал.

Во изјава дадена за време на настан во Лондон, актерот раскажал дека по завршувањето на претставата „Тит Андроник“ во Стратфорд и снимањето на Куќа на змејот, бил хоспитализиран, по што следела тешката дијагноза.

Тој искрено призна дека најтешкиот дел од целата ситуација бил принудното повлекување од проекти. Според неговите зборови, изминатите осум месеци биле исполнети со предизвици, неизвесност и тешки одлуки, нешто што досега никогаш не му се случило во кариерата.

И покрај сериозната состојба, Сајмон Расел Бил не се откажува целосно од уметноста. Тој веќе прифатил нов ангажман како наратор во куклена адаптација на делото Венера и Адонис од Вилијам Шекспир, која ќе се изведува низ Велика Британија во текот на летото.

Актерот нагласил дека се наоѓа во фаза на преиспитување, каде мора да одлучи колку може да ризикува, но сепак решил повторно да се врати на сцената и да продолжи со работа.

По неговото повлекување од претстава на Вест Енд, го заменил актерот Џон Хоџкинсон, додека од Кралска Шекспирова компанија тогаш изразија жалење за неговото заминување и му посакаа брзо закрепнување.