ПРВ.мк
Сцена

Тајзи стана татко по вторпат: Синот доби РЕТКО ИМЕ кое привлече внимание

Тајзи стана татко по вторпат: Синот доби РЕТКО ИМЕ кое привлече внимание

Македонскиот музичар Тајзи ја сподели радосната вест дека станал татко. Тој на социјалните мрежи објави дека со својата партнерка Ангела добиле син, опишувајќи го моментот како еден од најсреќните во нивните животи.

Музичарот откри дека на новороденчето му го дале името Захариј, име кое не се среќава често и се издвојува по својата необичност.

„Ова е најубавиот ден во нашите животи. Среќата навистина се крие во малите нешта – во еден поглед, еден допир и едно мало срце што ни го промени целиот свет“, напиша Тајзи.

Тој откри и дека бил присутен за време на породувањето, искуство кое, како што вели, му дало уште поголема почит кон мајките и нивната сила.

Посебни зборови упати и до својата партнерка Ангела, на која ѝ се восхитува повеќе од кога било.

„Ти благодариме Боже за најубавиот подарок што можевме да го добиеме. Бев присутен на породувањето и сега знам зошто мајките се најсилните суштества на овој свет. Ангела, ти се восхитувам повеќе од кога било“, порача музичарот.

На крајот, Тајзи му упати емотивна порака и на својот син, ветувајќи му дека тој и неговата мајка секогаш ќе бидат негово засолниште, поддршка и дом.

„А тебе, сине Захариј, ти ветуваме дека цел живот ќе бидеме твоето засолниште, твојата поддршка и твојот дом“, напиша тој.