Ѕирнете во раскошниот имот каде славниот тенисер и неговото семејство го бараат мирот далеку од јавноста
Новак и Јелена Ѓоковиќ поседуваат луксузна вила на Космај, која ја избрале како свое мирно прибежиште далеку од тениските терени и секојдневното внимание на јавноста.
Раскошниот имот се простира на голема парцела, додека самата вила има околу 400 квадратни метри. Домот е изграден главно од природни материјали – камен и дрво, поради што совршено се вклопува во планинското опкружување.
Внатрешноста е уредена во топол, рустичен стил, со внимателно одбрани парчиња мебел и антиквитети кои на просторот му даваат домашна и пријатна атмосфера.

Базен во дворот и органска градина
Посебно внимание привлекува огромниот двор на имотот. Во неговиот централен дел се наоѓа раскошен базен, опкружен со зеленило.
Имотот има и богат овоштарник и уредена градина, во која во минатото се одгледувала органска храна.
Комбинацијата од природа, приватност и луксуз ја прави оваа куќа вистинска оаза за семејството Ѓоковиќ.
Вилата ја купиле за 2,9 милиони евра
Ѓоковиќи станале сопственици на ексклузивниот имот кон крајот на 2020 година, кога за него издвоиле околу 2,9 милиони евра.
Пред да стане нивна сопственост, вилата била во сопственост на дизајнерката на ентериер Елена Кариќ и нејзиниот поранешен сопруг Југослав Кариќ.
По нивниот развод, заедничкиот имот бил понуден на продажба, а Ѓоковиќи ја искористиле можноста да го купат.
Денес, оваа вила на Космај претставува едно од местата каде Новак и Јелена можат да уживаат во мирот, природата и приватноста, далеку од светлата на рефлекторите.








