ПРВ.мк
Сцена

СКАНДАЛОЗНИ ТВРДЕЊА ОД СРПСКИТЕ МЕДИУМИ: Како наводно биле договорени луксузните станови за ќерките на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша!

СКАНДАЛОЗНИ ТВРДЕЊА ОД СРПСКИТЕ МЕДИУМИ: Како наводно биле договорени луксузните станови за ќерките на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша!

Деновиве во српските медиуми се појавија информации дека поранешниот фудбалер Душко Тошиќ на своите ќерки Атина и Ника им обезбедил вредни недвижности на една од најатрактивните локации во Белград.

Станува збор за луксузен станбен комплекс што се гради во близина на Славија и паркот Мањеж, а вредноста на становите се проценува на неколку стотици илјади евра. Сепак, според пишувањата на српските медиуми, купувањето на овие недвижности не било спонтана одлука на Тошиќ, туку дел од договорот што бил постигнат при разводот со неговата поранешна сопруга, поп-ѕвездата Јелена Карлеуша.

Карлеуша инсистирала становите да бидат на име на ќерките Наводно, токму Карлеуша побарала луксузните станови да бидат препишани на нивните ќерки, а оваа обврска била јасно наведена во спогодбата за развод. Според претходни медиумски информации, уште во 2020 година било објавено дека Тошиќ купил еден од становите додека сè уште бил во брак со пејачката и за него издвоил околу 300.000 евра.

Бидејќи Карлеуша била запознаена со оваа инвестиција, наводно инсистирала недвижностите во иднина да им припаднат на нивните наследнички.

Детали од разводот што привлекоа внимание Според договорот што поранешните сопружници го постигнале при спогодбениот развод, Тошиќ има обврска секој месец да уплаќа по 2.000 евра за издршка на децата. Покрај тоа, договорено било еднаш годишно да издвојува и дополнителни 10.000 евра за летување на Атина и Ника. Иако нивниот брак заврши по долгогодишна врска, поранешниот фудбалер и поп-ѕвездата остануваат поврзани преку заедничката грижа за своите ќерки, а токму обезбедувањето на нивната иднина, според медиумските наводи, било една од клучните точки во договорот за развод.

Најнови вести